Дигестивниот систем
Дигестивниот систем уште познат како систем за варење или гастроинтестинален систем е систем кај цицачите кој ги опфаќа сите органи кои се вклучени во варењето, транспортот и апсорбцијата на храната. Преку системот за варење внесената храна во организмот се разложува на молекули кои преку ѕидот на цревата влегуваат во крвта и служат како извор на енергија на телото. Овој систем го формираат две компоненти: Дигестивен канал и жлезди придодадени на дигестивниот тракт.
Истите овие компоненти си имаат и свои подгрупи, со нивни составни делови секој е посебно важен на свој начин.
Врз хранливата каша (химус) што доаѓа од желудникот во дваесетпалечното црево дејствуваат жолчката, цревниот и панкреасниот сок.
Улогата на дванаесетпалечното црево и другиот дел од тенкото црево е значајна, бидејчи во нив продолжува варењето на хранливите материи. Под влијание на цревните и панкреасните сокови, хранливите материи, протеините, маснотиите и јаглехидратите се разложуваат до материи погодни за ресорпција преку крвта и лимфата.
*Варење во тенкото црево
Во тенкото црево целосно завршува варењето (дигестија)
и најголемиот дел од ресорпцијата на сварените хранливи материи. Дневно, околу
9 литри химус патува
низ овој дел од системот за варење, од кои само 5% не се ресорбираат преку
цревните ресички.
Ензимите од панкреасниот сок го помагаат разложувањето
(од видот на хидролиза) на јаглехидратите, белковините, липиди
и нуклеинските киселини до нивните мономерни молекули - моносахариди, аминокиселини, глицерол, масни
киселини и нуклеотиди. За разлика од останатите органски
молекули во храната, мастите пред да хидролизираат се емулзираат од
страна на жолчниот сок. Емулзирањето е разбивање на големите масни капки на
помали. Притоа, тие се обвиткуваат со слој од водени молекули, со што стануваат
погодни за дејство на липазата. Ова значи дека жолчката не
учествува директно во варањето бидејќи не содржи ензими. По извршената варење
во тенкото црево, пред да се ресорбира, храната е течна супстанција со
млечно бела боја, наречена хилус.
*Варење во дебело црево
Дигестијата и ресорпцијата на храната завршуваат
во дебелото црево. Во отсуство на ензими во цревниот сок од дебелото
црево, активна е цревната микрофлора која ги разградува несварените
состојки од храната. Како последица се ослободуваат гасови (јаглерод
диоксид, сулфур, водород, метан, азот и токсични
материи, како амонијак скатол итн.). Одделни видови на бактерии учествуваат
во биосинтезата на витамините (К, B12, B2 и B1).При
долготрајна терапија со антибиотици, оваа флора може да се
уништи, што е негативна последица.
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната,
секретите и цревните микроорганизми се формира фецесот. Во него
понекогаш можат да се најдат и цревни паразити. Тој се отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругавите мускули со
процесот дефекација.